Израелскиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за Ерусалим

Израелскиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за Ерусалим

Израелскиот претседател Реувен Ревлин ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел и да ја премести таму американската амбасада.

„Му честитам на претседателот Доналд Трамп на неговата најава за американско признавање на Ерусалим за главен град на Израел и на очекуваниот чекор за преместување на амбасадата. Нема посоодветен или поубав подарок во пресрет на 70-годишнината од независноста на државата Израел“, наведе Ревлин. Тој оцени дека овој чекор претставува признавање на правото на еврејскиот народ на сопствена земја и пресвртница на нашиот пат кон мирот – мир за сите жители на Ерусалим и за целиот регион“.

Според Ревлин, Ерусалим не е и никогаш нема да биде пречка за мир за оние што сакаат мир.

Време е Ерусалим да биде признат за главен град на Израел, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Денешната објава, според него, го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Во 1995 година Конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство.