Израел: Аудио снимка, што зборувал син му на Нетанјаху во 2015 година?

Израел: Аудио снимка, што зборувал син му на Нетанјаху во 2015 година?

Израелски телевизиски канал денеска објави аудио снимка на која, како што се тврди, се слуша синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како во „пијана состојба се фали пред еден стриптиз бар“ во 2015 година.

Јаир Нетанјаху наводно му рекол на синот на еден израелски тајкун кој работи со гас, дека премиерот се залагал за контроверзниот договор на компанијата за гас да помине во парламентот и дека од тоа бизнисменот би имал корист.