Илјадници луѓе, на чело со градоначалничката, учествуваа на геј парадата во Прага

Илјадници луѓе, на чело со градоначалничката, учествуваа на геј парадата во Прага

Илјадници Чеси денеска учествуваа во традиционалната парада на сексуалните малцинства „Прага прајд“.

Парадата, која е централна манифестација на седумдневниот фестивал за правата и против дискриминацијата на ЛГБТ популацијата, како и претходните години, е под покровителство на градоначалничката на Прага, Адријана Крначова, а денеска со неа на чело на парадата биле и амбасадори на повеќе држави, пред сè од членките на ЕУ.

„Праг прајд“ се одржува од 2011 година. Во Чешка со закон се дозволени истополови бракови, а Утавниот суд неодамна ја отвори вратата хомосексуалците и лезбијките да можат да посвојуваат деца.

Иако во Прага ЛГБТ заедницата не стравува од физички напади на екстремисти како во соседните земји, на пример во Словачка и Полска, каде парадите често пати се одржуваат под силно полициско обезбедување, „Праг прајд“, сепак, е проследена со низа антипротести на разни здруженија меѓу кое и она што се бори против абортусот.