Инвеститор за „Фени“ ќе се бара преку стечајната постапка

Инвеститор за „Фени“ ќе се бара преку стечајната постапка

По периодот во кој беше побарано од потенцијалните инвеститори за „Фени индустри“ да достават свои понуди во вид на меморандум, банките доверители разговараат со потенцијални инвеститори, а со еден од нив бил потпишан и меморандум за разбирање.

Банките информираат дека финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот сосптвеник на „Фени“ ќе се носи во рамките на стечајната постапка во согласност со законските одредби.

„Обезбедените кредитори и другите доверители заеднички треба да проценат кој план за реорганизација е најдобар за нив и за иднината на комбинатот. Нагласуваме дека интенцијата на потпишување меморандум со заинтересираните инвеститори не е замена за официјалната стечајна постапка, туку само легитимирање на сериозноста на потенцијалните инвеститори“, стои во соопштението испратено од банките.

Денеска на вработените „Фени“ им беше исплатена платата за ноември, со што им остана ненамирена уште една плата, која е влезена во стечајната маса.