Индициите за поголемо снабдување ги спуштија цените на нафтата

Индициите за поголемо снабдување ги спуштија цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа во понеделник на меѓународните пазари под влијание на засилените активности на дупчење во САД, што најавува континуирано зголемување на и така обилното глобално снабдување.

На лондонската берза цената на барелот беше за 51 цент пониска во однос на претходното затворање на пазарот и изнесуваше 46,2 американски долари(УСД).

Во Њујорк барелот се тргуваше по 49 центи пониска цена, од 43,74 УСД.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петокот изнесувала 45,11 УСД, што значи дека паднала 1,41 УСД во однос на претходниот работен ден. /макфакс/