Интернационален фестивал по класична гитара

Интернационален фестивал по класична гитара

Осмиот интернационален фестивал за класична гитара „Тремоло“ ќе се одржи во Скопје, од денеска до 21 мај, во организација на Градот Скопје и Детскиот културен центар „Карпош“.

 

Натпреварот е за класична гитара за сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

 

Членови на жирито се гитаристите Влатко Стефановски, Тони Китановски, Мартин Крајчо, Дејан Лазаревски, Миле Ѓорѓевски, Немања Клинчаров и Бојан Гажоски.

 

Вечер и утре ќе се одржат два концерта во Културно-информативниот центар „Салон 19/19“, а на 21 мај ќе настапат победниците на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“.

крај/мф/ем