Истрели во средно училиште во САД, еден убиен

Истрели во средно училиште во САД, еден убиен

Едно лице е убиено, а петмина се повредени при пукање во средното училиште „Фримен“ во близина на гратчето Спокејн, во американската држава Вашингтон.
На социјалната мрежа „Твитер“ раководството на училиштето напиша дека од безбедносни причини го затвориле кампусот, а властите соопштија дека повредените се пренесени во болница. Според локалната полиција, напаѓачот е уапсен.

Сè уште не се познати мотивите за нападот.