МАКФАКС

Исчезнаа девојка и жена од Скопје, пронајден исчезнат тинејџер од село Младо Нагоричане

Исчезнаа девојка и жена од Скопје, пронајден исчезнат тинејџер од село Младо Нагоричане
20.04.2017, 13:37

Вчера во полициската станица во Чаир се пријавени две исчезнати скопјанки.

Скопјанец вчера во полициска станица во Чаир пријавил дека исчезнала неговата 17-годишна ќерка.

Во истата полициска станица, доцна синоќа син пријавил дека во текот на денот од дома во непознат правец се оддалечила неговата мајка И.Б. (68) од Скопје.

МВР информира дека тинејџерот од село Младо Нагоричане, кој три дена беше пријавен за исчезнат, синоќа во 20 часот бил пронајден во „Сити мол“ во Скопје.крај/мф

Tags
No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *