Исчезнатата професорка пронајдена мртва во водите на Вардар

Исчезнатата професорка пронајдена мртва во водите на Вардар

Попладнево е пронајдено телото на професорката Снежана Тројачанец, којашто исчезна вчера. По 24-часовна потрага, во која се вклучи нејзиното семејство, најблиските и полицијата, 52 -годишната скопјанка е пронајдена мртва во водите на реката Вардар.

Полицијата информираше дека денеска било пронајдено тело во водите на Вардар кај Карпош 4. Околу 13 часот во водите на реката Вардар кај „Александар палас“ граѓанин го забележал  телото и случајот го пријавил во полиција.

Семејството на професорката скршено од болка во изјава за медиумите вели дека потрагата завршила трагично. Телото на професорката го пронашле трагачи со кучиња. Тие се заблагодаруваат на сите оние коишто се вклучиле во потрагата и кои понудиле помош да се најде исчезнатата професорка. Таа се лекувала од депресија.

МВР работи на утврдување на  причините за смртта.

Потрагата по професорката на Факултетот по земјоделски науки и храна почна вчера околу пладне, откако нејзини блиски пријателки го објавија апелот на социјалните мрежи.