Иџе ќе стартува петти на трката во Чешка

Иџе ќе стартува петти на трката во Чешка

Игор Стефановски Иџе, на утрешната трка, последна во сезоната во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), ќе стартува од петтата позиција. Најбрзиот круг на Иџе изнесуваше 1:42.436 минути.

Пред Македонецот трката на патеката Мост ќе ја започнат Унгарецот Норберт Наѓ кој ја освои пол позиција, односно Австриецот Кристјоханес Шрајбер, лидерот во вкупниот пласман Чехот Петр Фулин и Бугаринот Пламен Кралев.

Во пресрет на двете трки во Мост лидер во генералниот пласман е Фулин со 64 бодови, Наѓ е втор со 59, колку шти има и третопласираниот Наѓ, додека Иџе е на четвртото место со 55 бодови.

Првата трка утре се вози од 10:50 часот, а втората е на програмата во 12:30 часот. н.ц.