Црна Гора очекува демаркацијата на границата со Косово да биде според веќе постигнатиот договор

Црна Гора очекува демаркацијата на границата со Косово да биде според веќе постигнатиот договор

Претседателот на црногорската комисија за обележување на границата со Косово, Милан Пауновиќ, изјавил дека очекува ова прашање да биде заокружено според веќе постигнатиот договор меѓу двете страни.

Коментирајќи го разрешувањето на Мурат Меха и комисијата што го постигна договорот, Пауновиќ за црногорската државна телевизија оценил дека Подгорица официјално не е известена за ништо.

Црногорската страна презела активности барајќи од косовската страна ратификација на договорот.

– Информациите на медиумите дека косовскиот премиер најавил формирање нова комисија не сакам да ги коментирам бидејќи Црна Гора не е официјлано известена – изјавил Пауновиќ, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.

Тој е убеден дека во Косово ќе се најде политичко решение за ратификација на договорот бидејќи станува збор за внатрешно прашање на Косово.

Споменатата комисија ја разреши премиерот Рамуш Харадинај објаснувајќи дека ѝ истекол мандатот.

Договорот за демаркација на косовско-црногорската гранца е потпшан кон крајот на август 2015 година, но претходната владејачка коалиција го немаше потребното двотретинско мнозинство за негова ратификација. Опозициските пратеници, меѓу нив и оние од партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај, се спротивставија со тврдење дека Косово со овој договор губи повеќе од осум илјади хектари земја.

Ратификувањето на договорот за демаркација на границата со Црна Гора е услов штои Косово треба да го исполни за да добие визна либерализација од страна на ЕУ.