(Видео) Кадриу: Законот за јазици е Уставен

(Видео) Кадриу: Законот за јазици е Уставен

Уставниот судија Осман Кадриу рече дека му е позната содржината и интервенциите во законот за јазиците кој денеска беше изгласан во Собранието.

„Моето мислење како правник е дека овој закон е во духот на уставот и уставните норми. Прашањето на јазикот се гарантира со Устав. Со овој закон само се предвидува техниката, како албанскиот јазик да се имплементира“, рече тој.

Кадриу вели дека не може да каже што ќе биде со СЈО бидејќи тој е судија. Тој вели дека дополнително ќе види дали треба да се укине ова обвинителство.

Кадриу, кој денеска беше избран за судија во Уставниот суд, по свечената заклетва се заблагодари на Парламентот за довербата која му ја укажал со неговиот избор за уставен судија. Кадриу рече дека функцијата ќе ја извршува одговорно, согласно со принципите на правната држава.

„Покрај привилегиите што го има во битието на оваа функција, овде има компонента на одговорност. Тој мора да биде одговорен, бидејќи вредностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се оставарува интересот на граѓаните бидејќи се штити уставниот поредок, а со тоа се придонесува да се штити уставот на земјата. Ние како судии мора дададеме придонес за ова. На прво место треба да се штити уставноста на земјата, посебно на оние земји кои сакат да бидат правни. Уставот е орган за дишење“, рече новиот уставен судија, Осман Кадриу.

К. Ландов