Како гласаше Македонија на Евровизија?

Како гласаше Македонија на Евровизија?

Македонија ги додели највисоките 12 поени во евровизиското финале на соседна Бугарија, поточно на младиот Кристијан, кој има само 17 години.

Листата на другите поени кои ги додели жирито од Македонија е следна: 1 поен за Шведска, 2 за Норвешка, 3 за Велика Британија, 4 за Романија, 5 за Франција, 6 за Молдавија, 7 за Данска, 8 за Австралија и 10 за Португалија.
Се потврдија шпекулациите од евровизиските кулоари дека Португалија, Бугарија или Италија се главни фаворити. Македонија не даде ниту еден поен за Италија. крај/мф/