Каменуван возот што сообраќа на релација Скопје-Кичево

Каменуван возот што сообраќа на релација Скопје-Кичево

Непознати сторители го каменувале возот што сообраќа на релација Скопје-Кичево на излезот од Гостивар.

Како што велат од полицијата, непознати сторители вчера во 21.20 часот го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево.

Каменувањето било извршено кај надвозникот на излезот од Гостивар, при што било искршено едно прозорско стакло од локомотивата. Повредени патници и персонал нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.