Караванот на СДСМ вечерва во Кочани, Виница, Зрновци…

Караванот на СДСМ вечерва во Кочани, Виница, Зрновци…

Централниот караван на СДСМ и коалицијата денеска е со граѓаните во Босилово, Василево, Чешиново -Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.

Денеска со почеток во 20.30 часот во Кочани кај Градски трговски центар, ќе се одржи Централниот митинг на СДСМ и коалицијата, каде ќе се обрати претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Претходно, претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе оствари средби со граѓаните на Босилово, Василево, Ново Село и Виница. Во 16.40 часот, претседателот Заев ќе се обрати пред граѓаните во Босилово а во 18.00 часот, претседателот Заев ќе има обраќање пред граѓаните на Василево, во домот на културата „Градошорци“.

Заев ќе биде и со граѓаните на Виница, каде во 19.30 часот, ќе има обраќање пред на плоштадот во Виница.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, ќе се обрати пред граѓаните на Зрновци во 19.15 часот, на Плоштадот во Зрновци.

Претходно, потпретседателот на СДСМ, Спасовски, ќе оствари средби со граѓаните на Чешиново -Облешево. Во 18.00 часот, Спасовски ќе има обраќање пред граѓаните на Чешиново -Облешево, во Домот на културата во с.Спанчево.