Каталонија соочена со можна граѓанска војна

Каталонија соочена со можна граѓанска војна

Комесарот за буџет и човечки ресурси на ЕУ, Гинтер Етингер, предупреди за ризикот од граѓанска војна во Каталонија, а стравувањата за евентуално еднострано прогласување независност на шпанскиот регион се зголемуваат.

Британскиот дневен весник „Дејли телеграф“ објави дека Етингер вчера ги повикал две страни на разговор, иако времето минува и нема индикации дека ќе има дијалог, а партиите што се залагаат за независност сакаат да ја прогласат каталонската република веќе в понеделник.