Кинеска компанија го купи аеродромот „Франкфурт-Хан“

Кинеска компанија го купи аеродромот „Франкфурт-Хан“

Кинескиот конгломерат ХНА потврди дека договорил купување мнозински удел во аеродромот „Франфурт-Хан“ за 15 милиони евра.

Трансакцијата опфаќа купување 82,5 отсто од акциите на аеродромот.

Овој договор ги оттргна стравувањата дека неодамна усвоената построга регулатива за влезни инвестиции во Германија и излезни инвестиции во Кина ќе влијае на меѓународното спојување и аквизиција на Кина.

Во април регионалното собрание на Рајнланд-Палатинат ги поддржа плановите за продажба на јавни добра.

Министерот за внатрешни работи, Роџер Левентц, изразил уверување дека ХНА во овој момент е добар партнер.

Аеродромот „Франкфурт-Хан“ е оддалечен 120 километри од Франкфурт.