„Кога денот немаше име“ со две бесплатни проекции на „Бела ноќ“

„Кога денот немаше име“ со две бесплатни проекции на „Бела ноќ“

Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ во режија на Теона С. Митевска вечерва во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“, има претпремиерно прикажување во Скопје со две проекции, со почеток од 20 и од 22 часот во кино „Милениум“. Влезот за двете проекции е слободен.

Минатата недела филмот беше прикажан во натпреварувачката програма на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, а на проекцијата присуствуваше и Агњес Годар, француската директорка на фотографија, додека пред битолска публика се поклонија и дел од главните актери во филмот, како и продуцентката Лабина Митевска.