Колапс на првиот ден: Брзиот воз од Минхен до Берлин доцнеше 2 часа

Колапс на првиот ден: Брзиот воз од Минхен до Берлин доцнеше 2 часа

Првиот ден на новата брза железничка линија на германското претпријатие „Дојче банк“ која ги поврзува Берлин и Минхен помина со непријатности поради доцнење од два часа.

Возот кој тргнал од Минхен кон Берлин имал технички проблем во Нирнберг и бил префрлен на побавна линија, а во Берлин стигнал со задоцнување од два часа.

Возовите на брзата линија се движат со брзина и до 300 километри на час и со него од Берлин до Минхен и обратно би требало да се стигнува за четири часа.

Германската железница ја отвори новата линија на брзи возови надевајќи се дека ќе му конкурира на авиосообраќајот затоа што го скратува времето на патување. Проектот чија реализација траеше две децении чини околу десет милијарди евра.