Колера во Јемен однесе 209 животи

Колера во Јемен однесе 209 животи

 

УНИЦЕФ вчера објави податок дека бројот на мртвите од последиците на колера во Јемен е зголемен на 209 а дека се заразени 17.200 лица.

Унијата на арапските лекари предупреди дека епидемијата на колера во оваа земја би можела да се претвори во хуманитарна катастрофа. Наведоа дека во таа земја е ограничен бројот на здравствени работници и дека е затворен голем број на болници. Поради тоа е влошена здравствената ситуација.

„Застрашувачки е зголемувањето на заболените од колера”, истакнаа од УНИЦЕФ. Според нивните наводи, поради големиот број заболени, болниците не се во можност да ги исполнат сите потребни работи.

Од Светската здравствена организација (WHO) ја повикаа Арапската унија и арапските министерства за здравство итно да реагираат во спасувањето на илјада заболени граѓани во Јемен.Епидемијата зафати 16 провинции, вклучувајќи ја и Сана каде се забележани повеќе од 4.500 заразени лица.крај/мф