Комисијата што проверува дали се местеле судии во нова проверка на кривичниот суд

Комисијата што проверува дали се местеле судии во нова проверка на кривичниот суд

Комисијата од Министерството за правда, која проверува дали имало злоупотреби во системот за распределба на предмети кај судиите и денеска, вторпат, треба да го посети кривичниот суд, дознава „Макфакс“.

Лазар Нанев, кој е назначен за претседател на комисијата од Министерството за правда, по првата посета не откри дали се пронајдени неправилности во системот. Според Нанев, членовите на работната група ќе прават увид во сите судови по препораките од Рајнхард Прибе за злоупотреба на АКМИС-системот. На новинарско прашање тој одговори дека нивното присуство и присуството на обвинителите на СЈО во исто време е случајност.

Во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем. Тоа беше забележано и во планот 3-6-9 на Владата што го потврди и министерот за правда, Билен Саљији.