Коневски: Невистинити се тврдењата на Марин, општина Аеродром има приемен ден секоја недела

Коневски: Невистинити се тврдењата на Марин, општина Аеродром има приемен ден секоја недела

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром реагира на денешниот напис на „Макфакс“ со наслов „Марин: Од 15 октомври општина Аеродром ќе биде отворена за сите“, објавен на 7.10.2017.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека Општина Аеродром е една од ретките општини каде што секоја година градоначалникот Ивица Коневски организира средби со граѓаните и има приемен ден секоја недела, осум години наназад, од кога е застанат на чело на Општината. Секојдневните прес конференции на Златко Марин нема да го покријат неговото елементарното непознавање на ингеренциите на локалната самоуправа“, вели Коневски.