Конкурс за зелени бизнис идеи

Конкурс за зелени бизнис идеи

Здружението за социјални иновации „АРНО“ објавува конкурс за зелени бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи кои користат ресурси од локалната заедница и поттикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

 

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

 

Секоја година се натпреваруваат по тројца претставници од регионален натпревар на секоја од земјите со најразлични зелени бизнис идеи. Победниците добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји.

 

„Важно е идејата да има општествено корисна компонента и бизнис логика, а идеите се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата, односно не ѝ штетат,“ според координаторот на проектот Ирина Јаневска.

 

Националните победници годинава ќе добијат и менторска поддршка од Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 во вид на ваучери за користење сертифицирани консултантски услуги.крај/мф/кп