Конститутивната седница на косовоскиот парламент продолжува в понеделник

Конститутивната седница на косовоскиот парламент продолжува в понеделник

На дневен ред, според објавеното на сајтот на косовското собрание, ќе биде изборот на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом.

По одредувањето на датумот на седницата, без претходно да има консултативна средба со парламентарните партии, како што побара коалицијата ПАН, пристигна експресна реакција од оваа коалиција.
Пратеникот Зафир Бериша, од Иницијативата за Косово, која заедно со Демократската партија и Алијансата за иднината на Косово, ја сочинуваат коалицијата, изјави дека седницата нема да биде функционална, бидејќи немало консултации со ПАН.

– Последователната седница ќе биде комична седница, како што беа и претходните две, кои беа свикани без консултација со ПАН, изјави Бериша.

Во исто време, Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за премиер од коалицијата ПАН, изјави дека Косово за десет дена ќе има нови институции.

Тој, за Радио Слободна Европа посочи дека со поддршката од Алијасата за Ново Косово, на Беџет Пацоли, која пак е дел од коалицијата ЛАА, Косово ќе има широка владина коалиција и оти единствен кандидат за претседател на косовскиот парламент е Кадри Весели.