Контаминираните јајца стигнаа и во Шпанија

Контаминираните јајца стигнаа и во Шпанија

Производи со јајца контаминирани со штетниот инсектицид се појавија и во Шпанија, во прехранбена компанија на северот на земјата, соопштија властите во Мадрид.

„Околу 20.000 пакувања пастеризирани јајца во течна состојба се заразени со фипронил. Производите се откриени во прехранбена фирма во Баскија, на северот на Шпанија“, соопштиле регионалните власти.

Производите не се пуштени во продажба и ќе бидат уништени.

Засега не се знае потеклото на производите, но најверојатно се увезени од Франција.

Шпанија е 16. земја од Европската Унија во која се откриени штетните јајца. Покрај во ЕУ, такви јајца се откриени и во Швајцарија и во Хонг Конг.

Светската здравствена оргниазација оцени дека фипронилот во големи количини е умерено отровен за луѓето и може да биде опасен за бубрезите, црниот дроб и тироидната жлезда.