Концерт на Сергеј Четковиќ на градскиот плоштад во Охрид

Концерт на Сергеј Четковиќ на градскиот плоштад во Охрид

Познатиот пејач Сергеј Четковиќ вечерва ќе одржи концерт на градскиот плоштад во Охрид. Како предгрупа на Четковиќ, со своите најголеми хитови ќе се претстави и Ѓоко Танески, а посебен ди-џеј сет ќе има и Dj Regie Rules.

– Црногорската супер ѕвезда Сергеј Четковиќ вечерва ќе одржи спектакуларен концерт во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. „Погледи у тами“, „Пола мога свијета“, „Ако те није“, „Само ме загрли“ и сите други големи хитови на неповторливиот шармер во живо за охриѓани и гостите. Дојдете да уживаме заедно, порачуваат организаторите.

И овој настан е во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, кој трае еден месец, од 20-ти декември до 20-ти јануари и има за цел максимално да се продолжи сезоната и во овој период од годината да се понуди богата програма и настани кои ќе го привлечат вниманието на домашните и странските гости.

Синоќа на големата сцена на градскиот плоштад во Охрид настапија одличните Балкан џем.

– Од остатокот на програмата ги имаме и новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид, Трката на келнерите, за најмладите деновите посветени на вкусните пици и палачинките, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, промоцијата на книгата „Охрид во 10“, Фестивалот на графити и модерна уметност… Од музичката програма тука се настапите на нашите Камелеон, Бекдор бенд, Жармена и Китроз, Денис Мурат и Бетис Бубс, а од поголемите настани, на 13-ти, за Стара Нова година ќе уживаме во музиката на Љубојна, а на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин, со што ќе биде крунисана целата манифестација – соопшти Општина Охрид.