(Видео) Костадиновски: Претседателот Иванов не се советуваше со мене за амнестијата

(Видео) Костадиновски: Претседателот Иванов не се советуваше со мене за амнестијата

Уставниот судија Дарко Костадиновски, кој му беше советник на Ѓорге Иванов, изјави дека претседателот на се советувал со него за амнестијата што ја прогласи на 12 април, 2016 година.

Костадиновски денеска во Собранието беше избран за судија во Уставниот суд. Тој рече дека ќе ја извршува должноста согласно со законите и одговорно.

Иванов пред две години донесе одлука за помилување политичари и јавни функционери. По бројните и жестоки реакции во земјата и од странство, тој одлучи да ја повлече амнестијата за 22 од вкупно 56 лица, кои беа опфатени со аболицијата која ја прогласи на 12 април.

К. Ландов