Коцевски: Од општина за пример, Велес се претвори во општина со огромни долгови

Коцевски: Од општина за пример, Велес се претвори во општина со огромни долгови

Тргнувајќи од фактот дека општина Велес од најдобра општина во Македонија со најдобро изградени капацитети која беше модел на македонска општина која беше модел во процесот на децентрализација на власта и општина за пример, стана сосем просечна општина со огромни долгови и со превработеност, рече кандидатот за градоначалник на општина Велесм, Аце Коцевски.

„Нашите планови за развој на општината во наредниот период се огромни. Мојата визија е Велес повторно да биде најдобрата општина во Македонија, општина за пример со добро изградени капацитети, без долгови со нула корупција и без превработеност, со брзи квалитетни и ефтини услуги за граѓаните со високи етички морани стандарди, чесно одговорно и домаќинско работење. Моето мото ќе биде задоволни граѓани наша цел. Граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието. Ќе обезбедиме еднаков пристап кон сите граѓани“, рече Коцевски.

Тој нагласи дека граѓаните нема да да ги дели по ниеден основ, ни според нивната национална, верска, етничка или старосна припадност. Ќе имаме одлична соработка со советот на општината, со вработените во општинската администрација, со урбаните и месните заедници.

„Ќе воспоставиме партнерство со невладиниот сектор, ќе формираме прв граѓански општински совет во Македонија во кој невладините организации ќе може да ги креираат своите визии за развој на општината во наредниот период. Исто така ќе создадеме вистински младински совет во кој младите генерации на Велес ќе може своите креативни младешки идеи да ги презентираат и да ги реализираат во развојот на нивната општина“, нагласи Коцевски.