Која е тајната на совршено спакуван куфер?

Која е тајната на совршено спакуван куфер?

Пакувањето куфери често создава непотребен стрес, посебно неколку минути пред да го напуштите домот – секогаш имате чувство дека нешто сте заборавиле, а тоа и најчесто е точно.

Пилотите се дефинитивно најдобрите советници кога е во прашање пакувањето, сè што знаат научиле од искуство. Еве три совети за најдобро спакуван куфер:

Oдберете еден апарат со повеќе наменска функција

Кога се пакувате, одберете еден апарат со повеќе наменска фукнција – на пример, ако носите телефон со себе, не морате да носите лаптоп, ни камера ни ГПС. Истото важи и за облеката – сè што ви треба се неколку модни додатоци и можете да имате секој ден нов изглед.

Спакувајте три чифта чевли

Секогаш имајте еден чифт чевли за пешачење/вежбање, еден свечен и влечки. Оваа формула функционира за кој било вид патување.

Облечете ги на себе најдебелите парчиња облека

Кога патувате, чизмите или капутот заземаат драгоцен простор во куферот. Затоа, облечети ги на себе најдебелите парчиња.