МАКФАКС

Кој би рекол – младите во Русија сакаат на власт да имаат цар

Кој би рекол – младите во Русија сакаат на власт да имаат цар
13.04.2017, 15:04

Една четвртина од граѓаните на Русија сакаат на власт во земјата да биде цар, а за првпат мнозинството од нив се млади луѓе од големите градови. Истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење покажуваат дека 28 проценти од Русите би сакале Русија повторно да стане царство, а најголемиот дел од поддржувачите на оваа идеја се млади меѓу 18 и 24 години. Најголем број од монархистички определените граѓани се жители на Москва и Санкт Петербург, притоа активни корисници на интернет и членови на парламентарни партии, пренесува „Руска реч“.

Притоа се потсетува дека на потомците на царското семејство Романови повремено им се предлага да се вратат во својата татковина од каде беа протерани во времето на СССР. Крај/мф/дм

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *