Крали Марко болдер фестивал

Крали Марко болдер фестивал

Во организација на Македонската спортско качувачка фeдерација, СКК „Златоврв“ – Прилеп и Општината Прилеп, денeска во околината на градот се одржа седмиот „Крали Марко болдер фестивaл“.

Овој фестивал претставува еден од најзначајните меѓународни спортски настани што се организираат во Македонија и Прилеп. Годинава учество зедоа над 100 натпреварувачи од Македонија, Словенија, Австрија, Албанија, Бугарија,Чешка…

Ева од Варна, Бугарија, на болдеринг фестивалот е дојдена со својот син. Таа вели дека болдерингот го засакала покрај него и дека овој спорт е одличен за здравјето и за развој на психофизичката кондиција.
„Пред неколку години слушнавме за карпите во Прилеп и дојдовме тука да се запознаеме со овој крај и заедно да уживаме во искачувањето“, вели таа.

Гедарт од Австрија, Виена, е долгодоишен болдерист, и за прв пат е во Прилеп. „Тука има прекрасна природа, човек се чувстува релаксирано и сконцентрирано. Има интересни качувачки карпи, високи од 4 – 5 метри, кои го креваат адреналинот. Вистинско место за овој спорт “- вели тој

Дарко од Македонија се занимава со овој спорт веќе 15 години. Неговата специјалост е искачување карпи високи од 5 до 8 метри.
„Болдерингот е посебна гранка во спортското искачување, каде што не ти е потребно јаже, само патики за качување по карпи, а другото ни го дала оваа убава природа ,на „Камена баба во Прилеп“- посочува тој.

Поради погодната конфигурација на уникатните карпи од вулканско потекло, кои се наоѓаат околу Прилеп, на локалитети Камена Баба, Маркови кули и Трескавец, Прилеп веќе неколку години е мега дестинација за болдерингот, односно за сите качувачи на карпи, од целиот свет.

Годинава за прв пат организаторот на „Крали Марко болдер фестивалот“ обезбеди и парични средства за учесниците, како награда за првопласираните тројца натпреварувачи во машка и женска конкуренција, а беа доделени и благодарници и медали за најдобрите.

Болдеринг приказната за Прилеп во неколку наврати се најде и во светските медиуми наменети за алпинизам, планинарство и туризам, рангирајќи го меѓу 10-те топ дестинации за болдеринг во Европа. крај/мф