Кривична пријава за момчето што се обиде да силува жена во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за момчето што се обиде да силува жена во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Дваесетгодишниот Ф.П.М. што нападна кандидатка за советничка од ВМРО-ДПМНЕ во партиски штаб во село Требеништа ќе одговара за кривично дело силување.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.М. (20) од село Требеништа, Охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување.

Пријавениот на 7 октомври околу 18.40 часот во штаб на политичка партија ја соборил на земја К.П. (30). Но, по нејзините молби да ја пушти, пријавениот застанал и почнал да ѝ се извинува, ја отклучил вратата и жената успеала да избега.