Кривична пријава за ограбувачот на НЛБ банка – никој не знае каде се парите

Кривична пријава за ограбувачот на НЛБ банка – никој не знае каде се парите

МВР му поднесе кривична пријава со мерка притвор на осомничениот за грабежот на НЛБ банка. Иследници од организиран криминал во МВР се обидуваат да дознаат од 40-годишниот скопјанец Б.С. да им каже каде се трите милиони евра за кои завчера се дозна дека тој, како што се тврди, ги украл од главниот трезор на НЛБ Банка каде работел со години. Лицето уште завчера вечер, три часа по грабежот беше уапсен од полицијата.

Парите, односно два милиони швајцарски франци и 270.000 евра биле во главниот трезор на банката. Приведениот Б. С. околу 16 часот, откако му завршило работното време си заминал дома.  Во 16.58 часот, неговиот претпоставен открил дека од трезорот „испариле“ безмалку 3 милиони евра. Веднаш ја алармирал полицијата.
Пред седиштето на банката за 2 минути пристигнале 3 полициски возила, а во кои освен полицајци во униформа имало и иследници од организиран криминал.