Кривични за двајца вработени од штипскиот Катастар

Кривични за двајца вработени од штипскиот Катастар

Штипската полиција поднела кривична пријава против Ј.А. (54) и И.С. (49) од Штип поради постоење сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Според информациите од МВР, на 20 април година при уписот во Агенција за катастар на недвижностите на сопственичкото право на правно лице од Штип извршен бил упис на 176 квадратни метри повеќе од предвидената квадратура во предобележувањето.

Притоа првопријавениот како референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижностите во Штип и второпријавената како советник за правно-катастарски работи и покрај тоа што знаеле дека предобележувањето на новата состојба не била во согласност и дека квадратурата не се совпаѓала со планираната површина му овозможиле на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од 24.895.200 денари.