Кривични за тројца разбојници што краделе компјутери од основно училиште

Кривични за тројца разбојници што краделе компјутери од основно училиште

Три лица, од кои двајца малолетници, добија кривични пријави од СВР Скопје, под сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба.

Како што информираат од МВР, Ј.Ш. (22), Е.Ф. (16), двајцата од село Студеничани, и В.А. (17) од Скопје, во текот на октомври годинава преку прозорец влегле во една од училниците во основното училиште „Наим Фрашери“ во село Студеничани, по што одзеле 60 преносни компјутери и 20 продолжни кабли и го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 550.000 денари.

Во меѓувреме компјутерите биле вратени во основното училиште „Наим Фрашери“, информираат од МВР.