Кузмановска: Задолжувањата на Владата ќе ја доведат државата до грчко сценарио

Кузмановска: Задолжувањата на Владата ќе ја доведат државата до грчко сценарио

Во рок од два месеца владата на СДС стопи 126 милиони евра од девизните резерви и се задолжи над 100 милиони евра само по основа на државни хартии од вредност. Патем, со ребалансот на буџетот најави дека ќе го зголеми долгот за дополнителни 150 милиони евра, изјави денеска Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека ова е резултатот од расипничкото и неодговорно работење на Владата на СДС. Дневно ја задолжуваат државата повеќе од 1,5 милион евра, а притоа нема никаков ефект, нема проекти, нема почнување или довршување канализации, водоводи, училишта, градинки, патишта…

– Ете ова е лицемерството на СДС. Додека беа во опозиција, зборуваа дека нема да се задолжуваат, а сега го прават обратното. Трошат пари безмилосно, а граѓаните од тоа немаат никаков ќар. Ниту министерот за задолжување Тевдовски ниту Зоран Заев не дава логично објаснување која е целта на повлекувањето 126 милиони евра од девизните резерви или зошто се издаваат над 100 милиони евра државни хартии, многу повисоки износи од достасаните износи за исплата – рече Кузмановска.

Таа додаде дека очигледно неспособноста на СДС граѓаните скапо ќе ја плаќаат.

– Ако за два месеца вака работат, тогаш само можеме да претпоставиме кога ќе ни се случи грчко сценарио – рече Кузмановска.