Кулинарски дуели на познати личности во „Веро“

Кулинарски дуели на познати личности во „Веро“
Познати личности од земјава ќе ги демонстрираат своите кулинарски вештини и ќе се натпреваруваат во готвење во големото тридневно „Веро шоу“, кое ќе се одржува в петок, в сабота и в недела во „Веро центарот“. Со спектакуларното шоу за готвење „Веро“ ја заокружува едномесечната голема прослава на 20-годишниот јубилеј.
Во „Веро шоуто“ за готвење ќе учествуваат шест познати лица – актерките Весна Петрушевска и Тања Кочовска, водителите Лила Стојановска и Жаре Бербер и музичарите Петар Младеновски од „Суперхикс“ и Ѓоко Танески. Во секој од трите дена на шоуто ќе има двајца натпреварувачи што ќе треба да приготват конкретен зададен рецепт со производи од маркетот „Веро“. Рецептот на денот ќе го предлагаат познатите ресторани „Пелистер“, „Томче Софка“ и „Барбакан“, а реномирани готвачи од овие ресторани ќе бидат дел и од стручното жири кое ќе ги оценува приготвените рецепти и ќе го прогласува победникот на денот.
 
Секој што сака да биде дел од ова шоу за готвење и сака да го следи во живо може да дојде во „Веро центарот“. „Веро шоуто“ за готвење ќе може да се следи и преку фејсбук-страницата на „Веро“ каде што ќе има неколку директни вклучувања.
         
„Веро“ годинава одбележува 20 години од отворањето на првиот маркет во земјата. Оттогаш до денес компанијата се профилира во еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало, со мрежа од 12 маркети во три града во Македонија.