Куп на Шпанија: Атлетико – Севилја во четврт-финалето

Куп на Шпанија: Атлетико – Севилја во четврт-финалето

Атлетико Мадрид-Севилја е четвртфиналното дерби во фудбалскиот Куп на Шпанија.

Денешната ждрепка им донесе противници по мерка на другите фаворити – Барселона, Реал и Валенсија.

Реал во двомечот ќе игра против градскиот ривал Леганец, Валенсија го доби Алавес, а и Барселона ја очекува градска пресметка со Еспањол.

Куп на кралот:

Валенсија-Алавес
Леганес-Реал Мадрид
Еспањол-Барселона
Атлетико Мадрид-Севилја

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 јануари, а реваншите се една недела подоцна.