Лагард: Техничките детали за олеснување на грчкиот долг треба да бидат решени сега

Лагард: Техничките детали за олеснување на грчкиот долг треба да бидат решени сега

 

Договорот за одржливоста на грчкиот долг треба да биде во согласност со правилата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави во четвртокот директорот на оваа меѓународна институција, Кристин Лагард, пренесува ANA-MPA.

Лагард прецизира дека степенот за олеснување на долгот на Грција ќе биде решен во 2018 година, по завршувањето на програмата, но техничките детали треба да бидат договорени сега.

“Ние не можеме да ги оставиме работите толку општо на листата на можностите, ние треба да преминеме и кон техничките детали”, додаде Лагард.крај/мф/кс