Лажна дојава за бомба во банка во Скопје

Лажна дојава за бомба во банка во Скопје

Непознат маж се јавил во банка во Скопје и рекол дека околу објектот има поставено бомба.

Според информациите на МВР, утринава во 09,35 часот вработен во банка лоцирана на ул. „Народен фронт” пријавил дека на телефон два пати се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало: „Излезете надвор има нешто околу банката”, а потоа додало: „Тоа е бомба”.

Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена екслозивна направа.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило дека има бомва, велат од МВР.