Лазаров: Клучна за нашата победа беше публиката

Лазаров: Клучна за нашата победа беше публиката
„Клучна за нашата победа беше публиката, се чувствувавме како да играме дома, на наш терен. Големата бројка на наши навивачи ни даде мотив да го оставиме срцето на терен, не смеевме да кикснеме за нив“, изјави капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров по натпреварот со Словенија.
„Победивме голема репрезентација, која игра цврст и борбен ракомет поради што се чувствувам како да сум одиграл два меча, а не еден. Луѓето кои разбираат ракомет знаат колку беше тешко. Вујовиќ постави гранитна одбрана и ни беше тешко да играме. Сега треба да се одмориме и без потценување да влеземе против Црна Гора. Треба да останеме на земја и да продолжиме да играме со срце за цела Македонија“, додаде тој.