Латас: Очекувам брутално судење

Латас: Очекувам брутално судење

„Се случи тоа што не очекував. Имаме судијка без искуство. Добивме оценка на обвинителен акт, односно иземање на бомбите, истото што го побара Зоран Заев. За него е одобрено, а за мене одбиено. Судот е еден и јас верувам, а во судијката не. Очекувам брутално судење. Ние бараме тоа што му е дозволено на Зоран Заев да важи и за мене“, изјави новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас.

Тој е обвинет во случајот „Тотал“ заедно со три фирми: „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, во кои тој се јавува како сопственик или управител.

Според обвинението, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава.

К. Л.