Ле Пен очекува нов напад пред изборите в недела

Ле Пен очекува нов напад пред изборите в недела

Претседателскиот кандидат Марин Ле Пен изјави дека се плаши од нов терористички напад во Франција “во наредните денови”.

“Да, верувам дека може да има друг напад пред првиот круг од претседателските избори во недела”, истакна Ле Пен за Радиото Франс Интернасионал. Таа прецизира дека “знае” дека терористичката група “Исламска држава” планира неколку жестоки напади во земјата пред изборниот ден.

“Не можам да кажам повеќе за тоа, но ние знаеме дека барем еден терорист бил испратен од Исламска држава за да изврши напад во Франција пред првиот круг на изборите во неделата, и дека овој човек веројатно уште е на слобода “, истакна ле Пен.

Претходно нејзиниот најсилен противкандидат Емануел Макрон ги повика Французите да не подлегнуваат на страв, поделби и застрашувања, додавајќи дека намера на терористите е да ја дестабилизираат земјата. Крај/мф