МАКФАКС

Ливерпул понуди 50 млн евра за Асенсио, Реал ја одби понудата

Ливерпул понуди 50 млн евра за Асенсио, Реал ја одби понудата
20.04.2017, 20:08

Ливерпул на Реал му понудил 50 милиони евра за трансфер на Марко Асенсио (21), ден по натпреварот Реал-Баерн (4:2). Марко Асенсио на натпреварот одигран во вторникот го постигна четвртиот гол за Реал.

Ден по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, ја одбил понудата од 50 милиони евра за 21-годишниот крилен напаѓач, Марко Асенсио, која пристигнала од Ливерпул, пишуваат Марка и Кадена Коп.

Истите извори пренесоа дека Реал без размислување ја одбил понудата за фудбалерот кој во 2015 година за сума од четири милиони евра го донесе од Мајорка.
Асенсио сезонава добива сосема солидна минутажа од тренерот Зинедин Зидан, има одиграно 29 натпревари, а постигнал девет голови.

Со она што го прикажува сезонава во дресот на Реал Асенсио заслужи повик и во шпанската репрезентација, за која настапи на два натпревари. крај/мф/нц

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *