МАКФАКС

Лига Европа: Јунајтед во Виго, Лион во Амстердам

Лига Европа: Јунајтед во Виго, Лион во Амстердам
21.04.2017, 13:24

Селта против Манчестер Јунајтед и Ајакс против Олимпик Лион ќе играат во полуфиналето, во Лига Европа.

Англискиот великан, кој е најголемиот фаворит за освојување на титулата во ова натпреварување, во првиот натпревар ќе гостува во Виго на 4.мај, а ќе ја пречека Селта во реваншот на 11.мај.

Ајакс во првиот меч ќе му биде домаќин на Лион, а возвратниот дуел ќе се одигра во Франција.

Финалето во ова натпреварување ќе се одигра на 24.мај во Стокхолм.

Формален домаќин во финалето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Ајакс и Лион. крај/мф/нц

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *