МАКФАКС

Лидерот на Лабуристичката партија ги поддржа предвремените избори во Велика

Лидерот на Лабуристичката партија ги поддржа предвремените избори во Велика
18.04.2017, 13:39

 

Лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин преку соопштение ја поздрави одлуката на премиерот Тереза Меј да им “даде на Британците шанса да гласаат за влада, која на прво место ќе ги стави интересите на мнозинството”, пишува во вторникот весникот Индепендент.

“Лабуристите ќе и предложат на земјата ефикасна алтернатива на владата, која што придонесе за пропаѓање на економијата и доведе до намалување на животниот стандард. Во последните неколку недели, лабуристите ги претставија политиките кои се нудат и тие се јасен и сигурен избор за земјата. Со нетрпение очекуваме да покажеме како ќе подигнеме британската нација “, се вели во соопштението на Корбин.

Поддршката на лабуристите значи дека при гласањето за предлогот во Домот на општините, што ќе се одржи утре, Меј ќе го добие потребното двотретинско мнозинство.крај/мф/кс

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *