Лоренс е новиот велшки херој

Лоренс е новиот велшки херој

Том Лоренс го постигна својот прв гол за велшката репрезентација за да ја обезбеди гостинската 1:0 победа над Грузија, со која Велс ги задржа шансите за пласман на Светското првенство во Русија в година.

Велшаните мечот го почнаа без својот најдобар играч, Герет Бејл, кој е повреден, но на сцена стапи 23-годишниот играч на англискиот второлигаш Дерби Каунти со одличен погодок на почетокот на второто полувреме за важна победа.

Со оваа победа Велс се искачи на второто место во Групата Д со 17 поени, еден помалку од лидерот Србија и четири повеќе од Република Ирска, која вечерва ја пречекува Молдавија. Сепак, се чини дека одлучувачкиот меч ќе се случи в понеделник кога Велс е домаќин на Ирците.