ЛШ: Реал стартува против АПОЕЛ, дерби мечеви во Ливерпул и Лондон

ЛШ: Реал стартува против АПОЕЛ, дерби мечеви во Ливерпул и Лондон

Вечерва ќе се одиграат натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х.

Актуелниот европски шампион, првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата во овој формат на Лигата на шампионите, Реал Мадрид, одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен против кипарски АПОЕЛ.

Дерби средби на вечерта се пресметките на Ливерпул и Севилја во Е групата, односно Тотенхем и Борусија Дортмунд во Х групата.

Дуелот на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Севилја е реприза на финалето во Лига Европа во 2016 година, кога шпанскиот тим го освои трофејот.

Група Е:

Ливерпул-Севилја
Марибор-Спартак Москва

Група Ф:

Шахтјор-Наполи
Феенорд-Манчестер Сити

Група Г:

Порто-Бешикташ
Лајпциг-Монако

Група Х:

Реал Мадрид-АПОЕЛ
Тотенхем-Борусија Дортмунд

Натпреварите започнуваат во 20:45 часот. н.ц.