Мадридско полуфинале во ЛШ, Јувентус го извлече Монако

Мадридско полуфинале во ЛШ, Јувентус го извлече Монако

УЕФА во петокот ги извлече полуфиналните двојки во Лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона.

Ланските финалисти, мадридските ривали, Реал и Атлетико, оваа година ќе играат меѓусебе во полуфиналето.

Втората полуфинална двојка ја формираа Монако и италијанскиот шампион Јувентус.

Полуфиналните среби на програмата се на 2 и 3 мај, а реваншите се на 9 и 10 мај. Финалето ќе се одигра во Кардиф. крај/мф/нц