Мадрид ќе даде на суд 700 каталонски градоначалници

Мадрид ќе даде на суд 700 каталонски градоначалници

Шпанскиот државен обвинител им испрати судски покани на повеќе од 700 градоначалници во Каталонија кои го поддржуваат референдумот за независност бидејќи Мадрид сака да ја блокира сепаратистичката иницијатива што ја смета за нелегална. Ако не одговорат на поканата, полицијата може да ги уапси, соопшти обвинителот во писмото доставено до локалните власти денес. Официјалните претставници, кои се вклучени во подготовките за референдумот, може да бидат обвинети за граѓанска непослушност, за злоупотреба на службената должност и на јавните пари, се вели во писмото.

Каталонската влада минатата недела усвои закон за подготовка на референдум на 1 октомври.  Шпанскиот Уставен суд ја суспендира одлуката кога премиерот Маријано Рахој ја оспори на суд. Судиите разгледаа дали тој закон е во спротивност со Уставот на Шпанија, во кој се вели дека земјата е неделива.

Досега 712 од 948 градоначалници објавија дека јавните простории може да се користат за референдумот. Градоначалникот на Барселона, Ада Кола, сè уште не се изјасни. Таа побарала гаранции дека службениците вклучени во процесот не ги ризикуваат своите работни места. Со посебно писмо Уставниот суд побара од градоначалниците да соопштат во рок од 48 часа што прават за да не се одржи референдумот.